Дома Трансфер зона И после 9 години Гвардиола го сака во својот тим!

И после 9 години Гвардиола го сака во својот тим!

Дани Алвеш после само една година може да го напушти Јувентус и да се пресели во Манчестер Сити, пренесуваат англиските медиуми.

Каталонскиот стратег сака да донесе нов десен бек на „Етихад“, па иако Бразилецот е во поодминати години, сепак Гвардиола смета дека е подобро решение од Забалета и Сања, кои најверојатно ќе го напуштат клубот ова лето.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Гвардиола и Алвеш имаат голема заедничка историја, бидејќи во периодот од 2008 до 2012 година соработуваа во Барселона и заедно освоија 14 трофеи.

Токму таа 2008 година Алвеш пристигна на „Камп Ноу“ како голема желба на Пеп Гвардиола за тогаш рекордни 35 милиони евра.

Алвеш наскоро ќе наполни 35 години, но Гвардиола верува дека сеуште може да игра на високо ниво и има што да покаже, а нема сомнеж дека Бразилецот ќе сака да му се придружи во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…