Дома Фудбал Англија И нема крај, повторно на почеток: Арсенал и вели „не“ и на понудата од „Граѓаните“

И нема крај, повторно на почеток: Арсенал и вели „не“ и на понудата од „Граѓаните“

Како што пренесува англиски „Скај Спорт“, управата на „Топчиите“ ја одбила понудата од Манчестер Сити.

Алексис Санчез е темата на денот на Островот. Се започна синоќа, кога беше објавено дека Чилеанецот побарал од тимот да замине.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес приказната продолжи, кога Манчестер Сити се огласи. Како што велат од таму, Сити бил подготвен да го понуди и Стерлинг и пари за неговите услуги, а Арсенал одговорил дека наместо Стерлинг го сака Агуеро.

На крајот се испостави дека тие две приказни не биле вистинити, Сити смета на Стерлинг, за Агуеро не сака ниту да зборува, а се појави и информација дека Венгер би го сакал Стерлинг во своите редови.

Сепак, да успее да го пресели на „Емирати“, би морал на „Граѓаните“ да им го даде Алексис Санчез и плус сума на пари.

Сега приказната доби свое продолжение, „Граѓаните“ се свесни дека до крајот на преодниот рок остана уште малку, па испратија и официјална понуда на адреса на Арсенал за Чилеанецот.

Во прашање е понуда тешка 54 милиони евра, а да потсетиме дека на Санчез му останува само уште една година од договорот.

Сепак, екипата од северен Лондон ја одби и таа понуда.

Сити не сака да се откаже, ќе ја продолжи потерата по Санчез до крајот на преодниот рок, но и натаму не сака да ги вклучи своите фудбалери во овој трансфер. Подготвени се да преговараат, но само за пари. Како што стојат работите, утре на „Емирати“ би можела да осамне нова понуда од Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…