Дома Трансфер зона И Мота се приклучи во убедувањето на Нејмар!

И Мота се приклучи во убедувањето на Нејмар!

Овој период во медиумите сеуште е актуелна судбината на Бразилецот од редовите на Барселона, Нејмар.

Додека соиграчите од Барселона го убедуваат да остане, фудбалерите на ПСЖ со изјави преку медиумите се обидуваат да го убедат да го избере Париз. Како што е познато, клазулата на Нејмар изнесува 222 милиони евра. Навдодно, Французите се согласиле да ја платат, па сега се е на Бразилецот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последен обид да се убеди Нејмар да премине во францускиот клуб имаше, Тиаго Мота.

„Кој тим не би го посакал Нејмар во своите редови? Не е случајност што Барселона толку многу се бори за да го задржи. Доколку пристигне во ПСЖ ќе го пречекаме со раширени раце. Се надевам дека сето ова ќе се заврши на најдобар начин за ПСЖ“, изјави Мота.

Во последно време членовите на двете екипи се почесто отворено разговараа за овој трансфер, а доколку тој навистина биде реализиран ќе го видиме најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…