Дома Македонски спорт Иџе: Ми претстои најтешката трка, се надевам на европска титула!

Иџе: Ми претстои најтешката трка, се надевам на европска титула!

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, денес со својот тим ќе отпатува за Чешка каде што викендов ќе се вози последната трка во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ).

Во пресрет на последната трка во сезоната, Иџе, кој во дебитанската сезона успеа да забележи две победи во ЕТЦЦ, влегува со реални шанси за освојување на титулата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ми претстои една од најтешките трки во мојата кариера, притисокот е огромен бидејќи се бориме со сите тие искусни тимови. Ми претставува чест и гордост што на тие трки и во таква конкуренција го вееме македонското знаме. Ќе дадам сè од себе за овој викенд да ги израдувам сите Македонци и се надевам дека ќе го освоиме првото место“, изјави Иџе.

Иџе во досегашниот дел од сезоната собра 55 бода, осум помалку од лидерот Петр Фулин, а пред него се и Наѓи со 55 и Шрајбер со 57 бода.

„Мислам дека направивме и повеќе од она што и јас лично го очекував. Победивме на две трки и се бориме за европскиот трон. Иако во една друга дисциплина имаме донесени две европски титули, се надевам дека ќе имаме шанси да го донесеме и третиот шампионски медал, заедно со мојот тим и моите спонзори“, додаде Иџе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…