Дома Трансфер зона Италијанските гиганти во борба за потписот на Крос

Италијанските гиганти во борба за потписот на Крос

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јувентус и Интер ги започнаа првичните преговори за трансферот на германскиот репрезентативец, Тони Крос од Реал.

Германецот има договор со Реал до 2020. година, по сезона заработува околку осум милиони евра, но како што тврдат италијанските медиуми, постои можност да го напушти Мадрид.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во прилог на тврдењето дека Интер бара „големо засилување“ во летниот трансфер период, оди и изјавата на тренерот на клубод од Милано, Спалети, кој изјави дека директорите „треба да го исполнат ветеното“.

За потписот на Крос неофицијално потребни се околку 70 милиони евра, што не е од буџетскиот спектар на Сунинг групата, која го управува Интер.

Тони Крос во 2014. година од Баерн се пресели во Реал, а во „кралскиот клуб“ од тогаш освои една титула шампион на Шпанија, две ЛШ, две Светски клупски првенства и Суперкупот на Европа.

Интер исто така е заинтересиран и за Артуро Видал од Баерн и Раѓа Најнголан од Рома, но според последните информации, Чилеанцот и Белгијанецот немаат намера да ја променат средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…