Дома Трансфер зона Интер сака да го „украде“ Даглас Коста пред носот на Јувентус

Интер сака да го „украде“ Даглас Коста пред носот на Јувентус

Раководството на Интер ќе се обиде да ја „украде“ најголемата трансфер желба на големиот ривал Јувентус, Даглас Коста од Баерн Минхен.

Не е тајна дека Бразилецот е голема желба на Јувентус, дури и ги договори личните услови со „бјанконерите“, но италијанскиот шампион не може да се договори со Баерн Минхен кој бара 50 милиони евра за да го ослободи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Целата ситуација ќе се обиде да ја искористи Интер, кој му понидил на Даглас Коста 8 милиони евра по сезона, или два повеќе од колку што му нуди Јувентус.

За „нероаѕурите“ нема да биде проблем сумата од 50 милиони евра која ја бара Баерн, но играчот преферира преселелба во Торини бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.

Останува да видиме во следните денови како ќе се одвива ситуација, но во моментов „старата дама“ е во пол позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…