Дома Топ вести Интер прави револуција – девет фудбалери заминуваат од „Меаца“

Интер прави револуција – девет фудбалери заминуваат од „Меаца“

Интер после уште една неуспешна сезона, ова лето е спремен да направи „чистка“ и да изгради тим за нов почеток.

Со доаѓањето на Лучијано Спалети се поткрена оптимизмот кај „нероаѕурите“, а италијанските медиуми тврдат дека новиот тренер ќе има солиден буџет да изгради силен тим.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите тврдат дека Спалети им ја покажал излезната врата на седум фудбалери, а под знак прашалник е и останувањето на голманот Хандановиќ и Жоао Марио кој минатото лето беше доведен за 40 милиони евра.

Во тимот повеќе нема место за Банега, кој минатото лето дојде како слободен играч, а ова лето сигурно ќе го напушти „Џузепе Меаца“.

Потоа „отпишани“ се уште и Нагатомо, Ансалди, Кондогбија, Брозовиќ и Медел кои се на продажба и кои можат да ја наполнат клупската каса.

Седмиот кој сигурно ќе го напушти Интер ова лето е Габигол, кој најверојатно ќе биде пуштен на позајмица, а последните информации се дека клубот ќе се обиде да го задржи Перишиќ.

Спалети не е задоволен и од голманот Хандановиќ, па му наредил на раководството да биде продаден, а како прв избор за негова замена го сака Шчешни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…