Дома Фудбал Италија Интер му одговори на Јувентус: Секој има свое минато, ние сме горди на нашето!

Интер му одговори на Јувентус: Секој има свое минато, ние сме горди на нашето!

Прашината околу дуелот помеѓу Јувентус и Интер сеуште не спласнува на Апенините, па „нероаѕурите“ преку официјално соопштение им одговорија на челниците на „старата дама“.

Спорните одлуки на судијата Рицоли беа предмет на многу дебати, на ТВ каналот на Интер редовно се премотуваа спорните ситуации, па од Јувентус реагираа и ги обвинија „нероаѕурите“ деке намеаат култура и не знаат да трпат пораз.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер по повод ваквите обвинувања вчера излезе со соопштение и им одговори на „бјанконерите“.

„Како одговор на коментарите во медиумите, тешко ни е да разбереме зошто Јувентус и понатаму зборува за нас, кога нашиот фокус никогаш не беше насочен кон нив. Тоа што е секогаш големото внимание насочено кон Интер е доказ дека сме многу важен клуб“.

„На пристоен начин се обидовме преку нашиот ТВ канал да покренеме дебата за судските одлуки за кои сметаме дека се спорни и тоа во натпревар кој беше многу важен за целата лига. Сега размисливаме само за иднината. Сите имаме минато, а ние сме горди на нашето“, стои во соопштението на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус честиташе, но Ањели брутално одговори на прославата на Интер на 20. Скудето

Јувентус преку социјалните мрежи му ја честиташе титулата на Интер (ТУКА), но поранешниот …