Дома Фудбал Импресивни бројки: Роналдо постави нов рекорд!

Импресивни бројки: Роналдо постави нов рекорд!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо со два постигнати гола му донесе победа на својот тим против Селта, но и стана најдобриот стрелец во историјата на 5-те најсилни европски лиги (Шпанија, Англија, Италија, Германија и Франција).

Роналдо на „Балаидос“ погоди во 10-та и 48-та минута, па така стигна до бројката од 368 лигашки голови во кариерата. Португалецот така го престигна Англичанецот Џими Гривс, кој рекордот од 366 гола го држеше во свој посед цели 46 години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гивс своите многубројни голови ги даваше во дресовите на Челзи, Тотенхем, Вест Хем и Милан, додека Роналдо тоа го правеше како фудбалери на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Меѓутоа успехот на Португалецот е уште поголем бидејќи до маѓичната бројка стигна на 68 натпревари помалку од Гривс (460-528).

Роналдо за Јунајтед постигна 84 гола на 196 натпревари, додека за „кралевите“ беше стрелец 284 пати на 264 натпревари.

Покрај Гривс, Роналдо позади себе остави и легенди како што се Герд Милер (365), Лионел Меси (346), Стив Блумер (317)…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…