Дома Трансфер зона Икарди: Сеуште сум млад да одам во Кина!

Икарди: Сеуште сум млад да одам во Кина!

Мауро Икарди игра уште една извонредна сезона во дресот на Интер и тврди дека нема намера во скоро време да го напушти „Џузепе Меаца“.

Медиумите често шпекулираат за интересот на кинески клубови кои се спремни да платат цело богатство за Аргентинецот, но Икарди тврди дека е сеуште млад за да оди во Кина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Среќен сум во Интер, а за Кина има време на крајот на кариерата. Сеуште сум млад да одам таму, сакам да победувам со Интер“, истакна Икарди.

Икарди повторно покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и оваа сезона веќе има постигнато 15 гола за „нероаѕурите“.

„Сега Интер е на вистинскиот пат. Работевме на менталитетот, со новиот тренер сите се жртвуваме за соиграчите. Третото место и излез во ЛШ е целта од почетокот на сезоната и ќе дадеме се од себе да ја оствариме целта“, додаде Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…