Дома Фудбал Останато Израмнето на Олд Трафорд: Јунајтед во продолженијата до полуфинале на Лига Европа

Израмнето на Олд Трафорд: Јунајтед во продолженијата до полуфинале на Лига Европа

На Манчестер јунајтед му требаа дури 120 минути за да го победи Андерлехт и да се пласира во полуфиналето од Лига Европа, „Црвените ѓаволи“ славеа со 2-1.

Манчестер јунајтед со тешки маки се пласира меѓу четирите најдобри во Лига Европа. Натпреварот почна одлично за нив, уште во 10. минута со гол на Мхитаријан поведоа со 1-0. Во тие моменти се чинеше дека нема да имаат проблем, но Андерлехт преку Хани во 32. минута изедначи на 1-1.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер јунајтед пропушти неколку одлични шанси да го реши натпреварот во второто полувреме, но не успеа да постигне гол до 90. минута па мечот отиде во продолжение.

Дури во 107. минута Рашфорд постигна за водство од 2-1 кое значеше и победа. До крајот Андерлехт имаше шанси и за изненадување, но не успеа.

Дополнителен проблем за Манчестер јунајтед се и повредите на Рохо и Ибрахимовиќ кој предвреме го завршија мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Критики за Јокиќ: Колку е добар кошаркар, толку е лош патриот

Легендата на југословенската кошарка, Зоран Славниќ испрати жестоки критики на сметка на Н…