Дома Топ вести Изненадување: Еве каде Санчез ќе ја продолжи кариерата!

Изненадување: Еве каде Санчез ќе ја продолжи кариерата!

Најдобриот фудбалер на Арсенал, Алексис Санчез кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Баерн Минхен, тврдат англиските медиуми.

Исто така и германските медиуми потврдуваат дека Карло Анчелоти го посочил Санчез како идеална замена за Франк Рибери кој веќе влегува во 35-та година од животот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Преговорите се во тек, а проблем е што Баерн нуди само 30 милиони евра бидејќи Чилеанецот влегува во последната година од договорот.

ПСЖ, Челзи и Сити се спремни да понудат многу повеќе пари, но Санчез сака да се пресели во клуб кој ќе биде конкурентен за освојување на трофеи во Европа.

За сега е извесно дека Санчез ќе го напушти Арсенал на крајот на сезоната, но прашање е во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Доколку им се верува на англиските медиуми тој веќе го направил својот избор, а тоа е Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…