Дома Актуелно Зошто секогаш по потешкиот пат? Реми на Македонија во Украина!

Зошто секогаш по потешкиот пат? Реми на Македонија во Украина!

Нашата селекција денес на гостински терен одигра само 27:27 против ракометната репрезентација на Украина.

Македонија беше апсолутно подобар противник, но Украинците на голот го имаа фантастичниот Чуприна кој во последната секунда одбрани зицер и спречи нашите момци на едно коло пред крајот да го обезбедат пласманот на Европското првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Избраниците на Раул Гонзалес иако на стартот на првиот дел имаа негатива од 3:0, до крајот на полувремето одиграа одлично и дојдоа до четири гола предност (14:18).

На стартот на вториот дел стигнавме и до плус пет, што беше највисока предност, сепак не успеавме рутински да го приведеме мечот при крај и да ја сочуваме предност, па сега ќе мора да се победи Чешка во последното коло.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…