Дома Фудбал Англија Зошто е Манчестер UNITED, а Ливерпул не е UNITED!?

Зошто е Манчестер UNITED, а Ливерпул не е UNITED!?

ФК, АС, АК… се скратеници кои одат покрај називите на фудбалски клубови со цел да се разликуваат од други спортски колективи. АС Рома, АЦ Милан, ФК Барселона…

Дали некогаш сте се запрашале што значи „United“ во назинот на некој од фудбалските клубови во Англија? Ги има многу, од оние светски познатите, до неколку локални, Лидс Јунајтед, Вест Хем Јунајтед, Шефилд Јунајтед…Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во превод „United“ значи „обединети“. Со оглед на тоа дека е честа појава да има повеќе клубови од еден ист град, клубовите морале да најдат начин да се разликуваат од ривалите. Па така клубовите на Островот обично на имињата им додаваат „Town“, „City“, „United“ или „FC“.

Така на пример во Манчестер постојат два големи клуба – едниот Јунајтед, другиот Сити.

Манчестер Јунајтед е основан под името „Newton Heath L&YR F.C. 1878“ како екипа на работници на железницата во Њутон Хит. 26-ти април 1902 години и официјално почнал да постои Манчестер Јунајтед, бидејќи управата одлучила да го промени името. Меѓу предлозите биле Манчестер Централ и Манчестер Селтик, но на крајот на предлог на италијанскиот мигрант Лоис Роче одлучено е клубот да се вика Манчестер Јунајтед.

Најголемиот ривал на Јунајтед, популарните „црвени“ од „Енфилд“ го имаат официјалното име Ливерпул ФК. Едноставно покрај името на градот од кој доаѓаат додадена е кратенката – фудбалски клуб. Но, ни денешниот Ливерпул не требало да се вика така.

Интересно, 1892 година Џон Хулдинг одлучил да основа нов клуб во Ливерпул под името „Everton F.C. and Athletic Grounds Ltd“ или скратено „Евертон Атлетик“. Меѓутоа називот морал да биде променет бидејќи Фудбалскиот сојуз одбил да го признае тоа име затоа што клубот Евертон веќе постоел, па клубот во 1892 година го добил назовот – Ливерпул ФК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…