Дома Луд Спорт Знаевте ли од какво пореметување пати Дејвид Бекам?

Знаевте ли од какво пореметување пати Дејвид Бекам?

Дејвид Бекам можеби не е помеѓу најдобрите фудбалери на сите времиња, но секако е еден од најпознатите и најбогатите.

Најдобрите денови ги помина во Манчестер Јунајтед, играше за Реал Мадрид, потоа замина во САД, а во залезот од кариерата заигра за Милан и ПСЖ. Беше капитен на англиската репрезентација, а најмногу ќе бида запаметен како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари на сите времиња.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, јавноста релативно малку знае за проблемот со кој славниот фудбалер се бори веќе се со години. Имено, Бекам пати од опсесивно-компулзивно пореметување. Во неговиот дом се мора да биде во пар. Пример, ако на фриждерот има три налепници, тој мора да фрли една за да останат две. За тоа зборуваше и неговата сопруга Викторија откривајќи не баш убави детали поврзани со животот на неговиот сопруг.

Борејќи се со ова пореметување, фудбалерот за времето додека настапувал за Реал Мадрид често пати станувал и усисувал еден од теписите во дневната соба.

„Усисував за да останат линии како на стадионот. Викторија понекогаш знаеше да ме фати како го правам ова откако децата ќе заминат на спиење, сите линии на тепихот мораа да бидат совршени“, зборуваше фудбалерот во една прилика.

Во последните години години Бекам ретко зборува за ова свое пореметување кое не го спречи да стане вистинска спортска икона во секој крај на светот. Се занимава со хуманитарни работи и бизнис во поширока смисла. Го сметаат за еден од најбогатите фудбалери кои некогаш истрчале на зелениот тепих.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Змија прекина меч во Србија, го гризна и судијата🎥

На натпревар од градската фудбалска лига во Србија, помеѓу Горно Синковце и Радник Шишинац…