Дома Топ вести Зидан го убедува Мбапе – му ветил клучна улога!

Зидан го убедува Мбапе – му ветил клучна улога!

Дефинитивно прво име на овој преоден рок ќе биде младиот Французин, Килијан Мбапе. Доколку замине од Монако тоа без сомнеж ќе биде најскапиот трансфер во историјата, а се чини дека Реал Мадрид е најблиску до негов ангажман.

„Кралскиот“ клуб ќе има силна конкуренција за неговиот потпис, пред се богатите ПСЖ и Манчестер Сити, кои веќе испратија понуди од 135 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, актуелниот европски шампион е во предност бидејќи самиот фудбалер сака да се пресели во Мадрид, а како што пренесува „Екип“ во Монте Карло дошле претседателот Флорентино Перез и тренерот Зинедин Зидан.

Весникот наведува дека Перез и Зидан имале разговор со младиот напаѓач, а францускиот тренер му ставил до знаење на Мбапе дека ќе биде еден од клучните играчи и дека една ѕвезда сигурно ќе го напушти актуелниот состав на „кралевите“.

Кој од ударното трио (Бејл – Бензема – Роналдо) ќе го напушти Реал ова лето не знаеме, но јасно е дека Зидан во плановите за следната сезона го има Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…