Дома Топ вести Зидан го моли да остане, Мората донесе одлука – ќе биде најплатен во Серија А

Зидан го моли да остане, Мората донесе одлука – ќе биде најплатен во Серија А

Алваро Мората донесе одлука – го напушта Реал Мадрид и се сели во Милан! Шпанските и италијански медиуми потврдија дека напаѓачот веќе има комплетен договор со „росонерите“.

Имено, Мората ќе стане најплатениот фудбалери во Серија А и во Милан ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона. Тоа е за половина милион повеќе од моментално најплатените фудбалери Игуаин и Дибала.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот веќе му ја соопштил својата одлука на раководството на Реал и разговарал со Зидан кој го убедувал да остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Мората има свои причини поради кои сака да го напушти Реал. Тој е незадоволен што има мала минутажа и верува дека тоа така ќе остане и следната сезона, а тој сака да игра стандардно за да заработи повик за Светското првенство.

Медиумите открија и детали, висината на трансферот ќе изнесува 60 милиони евра, а Мората ќе добие побогат договор од „Адидас“ бидејќи ќе биде прва ѕвезда во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неверојатно промашување на Лаутаро🎥

Интер има водство на полувремето против градскиот ривал Милан од 1:0 со голот на Ачерби, н…