Дома Фудбал Зидан беше запрашан: Примера или ЛШ? – Одговорот можеби ќе ве изненади!

Зидан беше запрашан: Примера или ЛШ? – Одговорот можеби ќе ве изненади!

zidane

Французинот има свое размислување, а со тоа можеби ќе изненади многумина.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на денешната конференцијата за медиумите откри дека според него и неговите фудбалери најтешко е да се освои домашното првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој смета дека Примера е најтешката лига која треба да се освои, бидејќи борбата помеѓу Реал, Барса и Атлетико Мадрид, трае во текот на целото првенство.

„Примера е најтешката лига за освојување и кога успеав во тоа можам да кажам дека тоа беше мојот најсреќен ден во тренерската кариера. Лигата на шампионите исто така е важна, но и фудбалерите знаат дека најтешко е да се освои првенството. Сепак во овие моменти не би сакал да зборувам за тоа кој трофеј повеќе го посакувам оваа сезона“, изјави Зидан.

Реал Мадрид во овој момент има осум освоени бодови после четири одиграни кола, а веќе утре „кралевите“ ги очекува натпревар на домашен терен против тимот на Реал Бетис.

Лидерот Барселона во овој момент има четири бодови повеќе од тимот на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…