Дома Трансфер зона Замената за Бонучи се наоѓа во Примера

Замената за Бонучи се наоѓа во Примера

Како што пренесува шпански „Ас“ заменавата за Бонучи ќе пристигне од шпанската престолнина.

Јувентус ја изненади фудбалската јавност кога ја прифати понудата на Милан тешка околу 40 милиони евра за услугите на еден од најдобрите дефанзивци на светот, Леонардо Бонучи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со неговото заминување се отвори дупка во одбраната на италијанскиот шампион, Ругани ќе добие прилика, но нема сомнеж дека управата на Јувентус до крајот на преодниот рок ќе се обиде да ангажира едно квалитетно засилување во задната линија.

Се појавија информации дека на радарот на старата дама се наоѓа стоперот на Баерн. Но, сепак, последните информации укажуваат дека управата на Јувентус е заинтересирана за дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез.

Фантастичниот Уругваец има 22 години, пред него е несомнено идеална иднина, а за тоа е свесна и управата на торинската екипа. Тој сепак го загуби местото во стартната постава кај „Јорганџиите“ изминатата сезона, а неговата позиција му припадна на Савиќ.

Прилика на истата позиција би можел да добие и Лукас Ернандес, па јасно е дека Уругваецот ќе мора да побара заминување од клубот, и покрај забраната за трансфер под која се наоѓа екипата на Диего Симеоне.

Јувентус како што се наведува е подготвен за неговите услуги да издвои 45 милиони евра, колку што е неговата откупна клаузула. Во тој случај, Атлетико би бил со врзани раце, па одлуката би била на 22годишниот стопер.

Тој неодамна изјави дека би сакал да замине, но дека ќе остане во случај Атлетико да му понуди договоро со кој Мадрид би го задржал до крајот на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…