Дома Топ вести Емре Џан се сели во Италија, Ливерпул добива пари за најголемата желба!?

Емре Џан се сели во Италија, Ливерпул добива пари за најголемата желба!?

emre

Германецот се согласи, сега клубовите преговараат…

Емре Џан ги договорил своите услови со Јувентус. Па така една од метите на Масимилијано Алегри сега е блиску до преселба во Торино, но останува „старата дама“ да ги договори условите со клубот од „Енфилд“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клоп нема многу време, бидејќи договорот на Германецот истекува наредното лето. Се очекуваше да го продолжи, но тоа не се случи.

Јуве прво испрати понуда од 25 милиони евра, која беше одбиена, сега се очекува да ја подигнат понудата на 30 милиони евра плус бонуси, понуда која „црвените“ би можеле да ја прифатат.

Покрај тоа, јасно е дека Клоп нема намера да се откаже од Наби Кеита кој во овој момент изгледа како невозможна мисија. Лајпцинг одби 75 милиони евра, на германскиот клуб пари не му се потребни, но Ливерпул се надева дека желбата на играчот ќе биде пресуден фактор.

После продажбата на Џан, Ливерпул наводно би бил спремен да ја зголеми својата понуда и до 90 милиони, па јасно е дека со реализација на овој трансфер сите три страни би биле задоволни.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…