Дома Топ вести „Ел Класико“ надвор од теренот – Реал и Барса заинтересирани за играчот на Јуве

„Ел Класико“ надвор од теренот – Реал и Барса заинтересирани за играчот на Јуве

Големите ривали Реал Мадрид и Барселона во своите редови сакаат да го доведат 20-годишниот играч од средниот ред, Родриго Бетанкур, кој во моментов настапува за екипата на Јувентус, пишува „Anadolu Agency“.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Реал и Барселона сакаат да го доведат Бетанкур чија вредност речиси се зголеми три пати по доаѓањето во Јувентус. Управата на Јуве за нешто помалку од 10 милиони евра го доведе Бетанкур кој беше дел од договорот за продажбата на Карлоз Тевез во Бока Јуниорс во 2015. година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инаку, Реал беше заинтересиран за овој играч и пред неговото доаѓање во Јувентус. Во досегашната кариера играше за Бока Јуниорс и Јувентус, каде што пристигна оваа година. Во дресот на репрезентацијата на Уругвај запиша два настапи без погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тажна вест: Почина легендарниот Велибор Џаровски – Џаро, македонскиот „крал на местенките“

На 75-годишна возраст денеска по кусо боледување почина легендарниот Велибор Џаровски R…