Дома Останати Кошарка Евролига: Реал го декласира Олимпијакос!

Евролига: Реал го декласира Олимпијакос!

Кошаркарите на Реал го совладаа Олимпијакос 93-65 во првиот натпревар кој се одигра во новата сезона во Евролигата.

Реал, против Олимпијакос, одлично тргна во натпреварот, блескаше Серхио Љуљ кој во првата четвртина постигна 15 поени. „кралскиот“ клуб најчесто имаше предност до осум поени, која Олимпијакос неколку пати лесно ја анулираше, а во третата четвртина грчките кошаркарии беа тие кои ја имаа предноста.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Љуљ со 22 поени го предводеше Реал, а двоцифрен ефект имаа уште Дончиќ (11) и Џејси Керол (10). Троца играчи и кај Олимпијакос постигнаа двоцифрен број на поени: Лојески (14), Спанулис (12), Принтезис (12).

Во новата сезона во Евролигата ќе учествуваат само 16 екипи кои ќе играат лига систем, секој со секого по два пати. Во завршницата, односно плеј офот ќе се пласираат најдобрите осум, а победниците од четвртфиналните дуели ќе играа на завршниот турнир, кој во мај наредната година ќе се оджи во Истанбул.

Денес ќе се одиграат мечевите Галатасарај-ЦСКА, Милано-Макаби и Црвена ѕвезда-Дарушафака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…