Дома Фудбал Останато Еве што мислат Клоп и Мурињо за трансферот на Нејмар!

Еве што мислат Клоп и Мурињо за трансферот на Нејмар!

Трансферот на Нејмар во ПСЖ е главна тема во фудбалскиот свет, па своето мислење на оваа тема го кажаа и менаџерите Жозе Мурињо и Јирген Клоп.

Нејмар се наоѓа пред трансфер во ПСЖ вреден 222 милиони евра, што ќе биде апсолутен рекорд во историјата на фудбалот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Постојат клубови кои можат да платат толку пари. Такви се ПСЖ и Манчестер Сити. Мислев дека Финансискиот фер-плеј е воведен за да не се случуваат вакви ситуации“.

„Не знам и не разбирам како се случуваат вакви работи. Се надевам дека ова не е следниот чекор во светскиот фудбал и се надевам дека ова ќе биде само исклучок“, истакна Јирген Клоп.

Жозе Мурињо пак смета дека трансферот на Нејмар не е многу скап, но проблем се последиците кои ќе произлезат од него.

„Скапи се оние играчи за кои се плаќаат високи суми без да стигнат до одредено ниво. Мислам дека за 200 милиони фунти Нејмар не е скап“, истакна Мурињо.

„Скап е од гледна точка на тоа дека сега ќе имаме повеќе играчи кои ќе прават трансфери за 100 милиони фунти, за 80 милиони фунти или пак за 60 милиони фунти. Затоа мислам дека Нејмар не е проблем, туку проблем се последиците од трансферот на Нејмар“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…