Дома Фудбал Еве колку пари ќе плати Меси за да не оди во затвор!

Еве колку пари ќе плати Меси за да не оди во затвор!

Лионел Меси минатата година беше осуден на 21-месечна затворска казна поради даночно затајување, но таа, по најновиот предлог на обвинителот, му е претворена во парична.

Меси беше осуден на затворска казна поради даночно затајување, но според шпанските закони, не мора да оди зад решетки бидејќи претходно не е осудуван и изречената казна не е поголема од 24 месеци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинецот тогаш покрај затворската казна мораше да плати и сума од 3,7 милиони евра.

Според најновиот предлог на обвинителот и затворската казна му е претворена во парична, па ќе мора да уплати уште 255.000 евра.

Во Шпанија во моментов се води голема акција против даночни затајувачи, во која се обвинети неколку големи фудбалски ѕвезди, меѓу кои е и Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лопетеги може да се врати во Премиер лигата

Шпанскиот тренер Јулен Лопетеги би можел повторно да работи во Премиер лигата. Имено, Вест…