Дома Трансфер зона Еве кои играчи ги побара Монтела од Кинезите!

Еве кои играчи ги побара Монтела од Кинезите!

Италијанските медиуми го откриваат списокот на засилувања кој тренерот на Милан, Винченцо Монтела им го предал на новите сопственици на клубот.

Имено, Монтела неодамна го имаше првиот состанок со новото раководство на „росонерите“ на кој првично се разговараше за новите засилувања и правењето на тимот за следната сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Монтела им предложил две имиња на новите сопственици, а станува збор за двете ѕвезди на Лацио, дефанзивецот Де Вриј и крилниот напаѓач Кеита Балде.

Овие двајца фудбалери се едни од најдобрите на своите позиции во Серија А и за нив интерес покажуваат многу европски клубови, а олеснителна околност за „росонерите“ е што и двајцата одбиваат да го продолжат договорот и сакаат да ја променат средината.

Медиумите тврдат дека за двајцата фудбалери „росонерите“ ќе треба да издвојат сума од околу 50 милиони евра, што не би требало да биде проблем за новите сопственици.

Притоа, главната цел е да биде продаден Карлос Бака, а на негово место да биде донесен еден врвен напаѓач. Најголема желба е Пјер Емерик Обамејанг, а на списокот се уште Мората, Бензема и Лаказет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Една од легендите го напушта Реал Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот…