Дома Фудбал Италија Донарума предизвика хаос на социјалните мрежи, а потоа ги обвини хакерите!

Донарума предизвика хаос на социјалните мрежи, а потоа ги обвини хакерите!

Сапуницата околу судбината на Џанлуиџи Донарума продолжува.

Младиот голман во текот на вчерашниот ден преку својот Твитер профил ги демантираше шпекулациите дека има намера да се раздели со агентот Мино Раиола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено тој „твитна“: „Вчера, денес, утре“, а покрај тоа додаде и два хаштага, Донарума и Раиола.

Поради тоа се подигна огромна прашин, а потоа набрзо преку својот Инстаграм Донарума се извини.

Тој изјави дека му е жал што неговиот „твит“ подигнал толку прашина како и дека го сака Милан и дека по завршувањето на Европското првенство во Полска ќе ги разгледа понудите за продолжување на договорот со „росонерите“.

Сепак, набрзо се случи нешто чудно. Инстаграм профилот на Донарума беше избришан.

Потоа младиот голман преку Твитер соопшти дека неговите Инстаграм профил бил хакиран и дека поради тоа морал и да го избрише.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…