Дома Трансфер зона Договорот постигнат: Мурињо наскоро ја добива големата желба!

Договорот постигнат: Мурињо наскоро ја добива големата желба!

mourinho

Хрватот конечно пристигнува на „Олд Трафорд“.

Крилниот напаѓач Иван Перишиќ е на чекор од трансфер во редовите на Манчестер Јуанјтед. Оваа вест ја потврдија бројни медиуми во Англија со напомена дека Јунајтед за услугите на Перишиќ ќе плати помеѓу 45-50 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Перишиќ го напушти кампот на Интер изминатиот викенд поради наводните проблеми со забите поради што мораше да отпатува на стоматолог во Хрватска.

Не е тајна дека Мурињо сака да ги засили страничните позиции, а трансферот на Перишиќ се очекува да биде официјализиран во наредните 48 часа.

Перишиќ најдоцна до среда би требало да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи и така да стане третото големо засилување на Јунајтед после Линделоф и Лукаку.

Иначе, Интер како замена за Перишиќ би требало да го доведе Кеита Балде од Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …