Дома Трансфер зона Договорот на повидок, Каталонците блиску до одлично засилување!

Договорот на повидок, Каталонците блиску до одлично засилување!

Бразилецот се договори со Каталонците.

Кога не можат да стигнат до Верати и Ерера, можат до Паулињо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Барселона наскоро би можел да го реализира трансферот на Паулињо од Гвангжу.

Овој играч потврди дека во неделата која следи би можел да го комплетира трансферот во редовите на Барселона и така да го направи својот најголем чекор во кариерата.

„Слушнав за понудата од Барселона после пријателскиот натпревар против Аргентина и се запрашав дали тоа е вистина или не. Потоа пристигна официјална понуда која навистина ми се допадна и бев изненаден кога Гвангжу ја одби. Сеуште не сум зборувал со луѓето во клубот, но се надевам дека претседателот ќе биде повеќе флексибилен и дека наскоро се ќе биде завршено, бидејќи во прашање е Барселона“, изјави Паулињо и додаде.

„Ова е одлична прилика за мене, можам да играм во најдобриот клуб во светот опкружен со најдобрите фудбалери. Од кога ја добив понудата од Барселона не престанувам да размислувам за тоа како играм во тој тим. Очекувам клубовите конечно да се договорат, потоа јас лесно ќе се договарам со Барса“, додаде Бразлиецот.

После овие зборови јасно е дека договорот е на повидок, да потсетиме понудата која Гвангжу ја одби изнесуваше 20 милиони евра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…