Дома Фудбал Италија Дибала позади себе го остави и Батистута: Ваква статистика нема никој во Серија А

Дибала позади себе го остави и Батистута: Ваква статистика нема никој во Серија А

Пауло Дибала дефинитивно е главна ѕвезда од отварањето на сезоната во Серија А, откако во првите четири кола постигна осум погодоци.

Вчера младиот Аргентинец со хет-трик против Сасуоло го однесе Јувентус до уште една победа во Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Два хет-трика има постигнато во Аргентина и два во Италија. Пинсоглио (третиот голман на Јуве) ми рече дека морам да постигнам три, па затоа прославив со него. Мора да разговарам со него и пред натпреварот со Олимпијакос“, се пошегува Дибала по мечот.

Дибала оваа сезона е најважен фудбалер на Јувентус, а тоа го потврдува и неговата неверојатна статистика – во првенството постигнува гол на секои 37 минути!

Во историјата на Серија А само Антонио Анџелило постигнал повеќе гола во првите четири натпревари – 11 гола во сезоната 1968-59. Позади Дибала сега останаа мајстори како Батистута, Манфредини и Борела кои после првите четири кола имаа по 6 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…