Дома Фудбал Англија Де Брујне: Ова некогаш го правам со својата сопруга, како и вие претпоставувам … (Видео)

Де Брујне: Ова некогаш го правам со својата сопруга, како и вие претпоставувам … (Видео)

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне беше бесен кон четвртиот судија на синоќешниот меч против Наполи, па кратко се насочи и кон својот соиграч Давид Силва.

Белгиецот пред крајот на првиот дел заработи жолт картон, а потоа сакаше да се пресмета со четвртиот судија на мечот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се испречи капитенот на Сити, Давид Силва кој му посочи да не се расправа со судиите и да замине кон соблекувалната. Де Брујне му се обрати неколкупати потоа „Остави ме да зборувам“, но на крајот продолжи и во соблекувалната.

Манчестер Сити славеше со 2:1, а Де Брујне по мечот објасни што точно се случило.

„Само имавме кратка расправија. Минута подоцна се беше заборавено. Такви расправии понекогаш имам и со својата сопруга. И вие исто така, претпоставувам. Понекогаш тоа е неопходно. Не е секогаш идеално, но ова беше навистина ситница. Сакав да прашам нешто, но не ми беше дозволено. Но, како што реков, не е тоа ништо страшно, за да се прави фама. Се случува понекогаш“, истакна Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…