Дома Фудбал Репрезентации Дејвид Мојс станува селектор?

Дејвид Мојс станува селектор?

Дејвид Мојс наскоро би можел да стане селектор.

Легендата на Ливерпул, Грејем Санс, смета дека Мојс е најдоброто решение за селектор на Шкотската фудбалска репрезентација.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Мојот глас оди за Дејвид Мојс. Тоа би било одлично. Мислам дека нема потреба премногу да бараме. Тој е човекот кој е роден за оваа работа“, изјави поранешниот фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Шкотска.

Тренеската кариера на Дејвид Мојс забележа голем пад откако го напушти Евертон и седна на клупата на Манчестер Јунајтед како наследник на големиот Сер Алекс Фергусон, потоа неговите епизоди во Реал Сосиедад и Сандерленд завршија прилично неславно.

Кога во прашање е репрезентацијата на Шкотска таа во квалификациите за Мундијалот во Русија демонстрираше дека има потенцијал после долго време да излезе од „тунелот“, иако ќе пропуштат уште едно големо натпреварување.

Шкотите под водство на Гордан Страхам квалификациите ги завршија на третото место во групата зад Англија и Словачка, зад нив беа Словенија, Литванија и Малта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …