Дома Македонски спорт Мак ракомет Дејан Манасков се сели во Веспрем!

Дејан Манасков се сели во Веспрем!

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, по завешувањето на сезоната ќе го напушти бундеслигашот Рајн Некар и најверојатно ќе се пресели во Веспрем, тврди специјализираниот ракометен портал Handball-planet.

Унгарскиот шампион подготвува големо реновирање на тимот по завршувањето на сезоната, а еден од играчите кои ќе пристигнат е Дејан Манасков, кој по само една сезона ќе го напушти Рајн Некар.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Актуелниот германски шампион пред неколку месеци го договори трансферот на шведскиот репрезентативец Џери Толбринг од Кристијанштад, кој треба да ја пополни левата крилна позиција со ветаренот Сигурдсон.

Во ваква ситуација вишок е Манасков, кој ќе оди во Веспрем, на местото на Герго Иваншик. Веспрем од наредната сезона од клупата ќе го предводи сеуште актуелниот тренер на Фленсбург, Љубомир Врањеш, кој во Унгарија сака да го донесе „својот“ играч Квентин Мае, но и францускиот репрезнетативец Вилијам Акамбре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…