Дома Фудбал Англија Дерби на викендот: Тотенхем – Ливерпул, анализа и предлог тип

Дерби на викендот: Тотенхем – Ливерпул, анализа и предлог тип

Викендов нема да има премногу дерби дуели низ Европа, па веројатно најпривлечен ќе биде мечот од 9-то коло во Премиер Лигата помеѓу Тотенхем и Ливерпул.

Тотенхем домашните мечеви не ги игра на својот стадион, туку на Вембли и тоа е најголемиот проблем на овој тим сезонава и причина што Тотенхем е многу полош на домашните дуели, отколку на гостувањата. Од друга страна проблемот на Ливерпул е одбраната која сезонава на 8-те дуели прими дури 12 гола.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Спарси очајни на домашен терен

Ако ги сметаме само домашните натпревари Тотенхем би се нашол дури на 11-то место во Премиер Лигата. И покрај тоа што сезонава не играат на Вајт Харт Лејн кој се реконструира, сепак е нејасно зошто се толку слаби на Вембли, а пак се одлични на дуелите на гостински терен забележувајќи 4 победи од исто толку натпревари. Мора да заклучиме дека проблемот е што Спарс сега не играат на фантастичната атмосфера што може да се генерира само на Вајт Харт Лејн. Од друга страна, играњето на Вембли ги инспирира противничките играчи и тоа е голем минус за тимот на Покетино.

Покетино повторно оди на титула

Спарси во последните две сезони под водство на инспиративниот менаџер Маурисио Покетино секогаш се при врвот на Премиер Лигата и се единствени конкуренти на шампионите, но сепак титулата им избега за малку во двете сезони. Оваа сезона и покрај лошите изданија на домашен терен, тимот од северен Лондон се наоѓа на 3-то место на табелата со заостанување од 5 бода во однос на лидерот и доколку успее да ја подигне формата кога игра дома, дефинитивно повторно ќе биде еден од конкурентите за титулата. Нема сомнение дека Спарси имаат еден од најкомпактните почетни единаесет во лигата, со еден неверојатен стратег и тактичар на клупата и тешко е да се најде маана во овој тим.

Продолжението на анализата прочитајте го на kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…