Дома Трансфер зона Депај не се шегува: Ќе играм за Реал Мадрид

Депај не се шегува: Ќе играм за Реал Мадрид

Иако беше големо промашување на Манчестер Јунајтед и не се покажа најдобро на „Олд Трафорд“, Мемфис Депај верува дека еден ден ќе игра во Реал Мадрид.

Депај пристигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување од ПСВ, но испадна големо разочарување, па моментално игра за Лион.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мислам дека ќе завршам во Реал Мадрид, тоа е мојата најголема цел. Бог ќе ми помогне, тој ме води напред“, истакна Депај.

„Имав одличен период кога бев во ПСВ, но сакав да направам чекор напред во кариерата. Во Лион ми е одлично, овој клуб го споредувам со ПСВ. Среќен сум и знам дека ќе направам голем чекор напред“, додаде Холанѓанецот.

Нема шпекулации дека Реал е заинтересиран за Депај, но Холанѓанецот е полн со самодоверба и убеден дека еден ден ќе стигне на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…