Дома Топ вести Двоумењето скапо го платија – Ова се најголемите грешки на Барса во преодниот рок!

Двоумењето скапо го платија – Ова се најголемите грешки на Барса во преодниот рок!

Во моментите кога Каталонците веќе се помируваа со заминувањето на Нејмар, имале намера да доведат двајца фудбалери, но двоумењето скапо го платија…

Колку Барселона лошо го одработи преодниот рок покажуваат некои информации кои се појавија во шпанските медиуми.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Уште на почетокот на јуни наводно имале некои информации дека Нејмар повторно ќе прави проблеми како и минатото лето кога неговиот татко одржал состанок со клубот од Париз.

Во тој момент, имале план да се обидат да го доведат двоецот на Атлетико Мадрид, а во одредени моменти од летото изгледаше и дека Јуве би можел да го продаде Дибала.

Сепак, таа опција не беше сериозна, бидејќи клубот процени дека тоа практично би било „дуплирање“ на Меси, а ниту самиот Дибала не беше расположен да го напушти Јувентус.

Но, приказната во врска со Саул Нигез била сериозна. Имено, Барселона имала план во јуни да ја плати клазулата од 80 милиони евра и така да го доведе одличниот фудбалер од средината на теренот, а би платиле и 100 милиони евра за Антоан Гризман кој во тие моменти преговараше со Манчестер Јунајтед за потоа да донесе конечна одлука дека останува во Мадрид.

Во последниот ден од преодниот рок Барса испрати две понуди, 160 милиони за Дибала и 140 милиони евра за Гризман, но ниту Јуве, ниту Атлетико не сакаа да слушнат за продажба на своите фудбалери.

Од друга страна одлука да се сконцентрираат на Кутињо во поголемиот дел од преодниот рок се покажа како погрешна.

На крајот го купија Дембеле кој сега се повреди, а не успеаа да ги продадат ниту фудбалерите кои беа означени како вишок, па и не зачудуваат критиките на сметка на Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …