Дома Фудбал Два збора беа доволни Меси да го опише синоќешното „Ел Класико“ (Фото)

Два збора беа доволни Меси да го опише синоќешното „Ел Класико“ (Фото)

Барселона синоќа беше поразена на „Ноу Камп“ од Реал Мадрид во првиот меч од Суперкупот на Шпанија.

Навивачите на Барселона очекуваа победа во првиот овосезонски „Ел Класико“ и добро отворање на новата сезона, но се случи сосема спротивното. Каталонскиот клуб одигра лош меч, а на крајот Реал Мадрид славеше со 3:1 со играч помалку, со оглед на тоа дека црвен картон заработи Кристијано Роналдо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кралскиот клуб ќе биде без најдобриот играч во реваншот кој се игра в среда во Мадрид, но пред Барселона е скоро невозможна задача да направи резултатски пресврт во своја корист и да го освои трофејот од Суперкупот во Шпанија. Колку беше очајна играта на Барселона, најдобро покажа статусот на Лионел Меси.

Аргентинецот денес се огласи преку својот инстаграм профил, па со два збора го опиша синоќешното „Ел Класико“.Меси не е вообичаен кога станува збор за изразување на социјалните мрежи, но овој потег докажува дека и нему тешко му паднал овој пораз од најголемиот ривал.

„Сра*е ден! Но, мораме да се дигнеме и продолжиме натаму. Ова е само почеток“, порача Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…