Дома Топ вести Дали е ова лоша процена – Зидан ги шокира фановите со оваа одлука!

Дали е ова лоша процена – Зидан ги шокира фановите со оваа одлука!

Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо нема да биде на располагање на тренерот Зинедин Зидан за вечерашниот натпревар против Депортиво Ла Коруња.

„Кралскиот“ клуб вечерва гостува на „Ријазор“ и ќе биде значително ослабен бидејќи во составот нема да ги има Роналдо, но ни плејмејкерот Тони Крос, на кои Зидан им даде слободни денови да се одморат.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Зидан проценил дека Роналдо и Крос му се повеќе потребни за саботниот дуел на „Сантиаго Бернабеу“ каде гостува Валенсија.

Покрај овие двајца вечерашниот дуел ќе го пропушти и Герет Бејл, кој се повреди на мечот со Барса, а значително ослабена ќе биде и одбраната на „кралевите“ каде сигурно ќе отсуствуваат Пепе и Серхио Рамос, кој заработи црвен картон на „Ел Класико“.

Одлуката на Зидан да ги изостави Роналдо и Крос ги шокираше фановите бидејќи „кралевите“ после поразот од Барселона немаат право на кикс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фелипе Мело со жесток коментар за Робињо и Алвеш: Ако тоа се случеше на мојата ќерка, денес не би бил тука

По случаите на силување на бразилските фудбалери, Робињо и Дани Алвеш, се огласи и Фелипе …