Дома Фудбал Останато Дали е можно: Ја обвини својата “баба“ дека му украла пари и злато!

Дали е можно: Ја обвини својата “баба“ дека му украла пари и злато!

Адријан Муту секогаш знаеше како да биде во центарот на вниманието, сега е повторно.

Муту минатата година ја заврши својата играчка кариера и во овој момент ја извршува функцијата генерален директор во Динамо Букурешт. Овој играч често пати беше во центарот на вниманието, но ретко кога фудбалот беше причина за тоа.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Романецот овој пат повторно ја шокираше јавноста со обвинението кон мајката на неговата поранешна сопруга поради кражба. Неговата “баба“ некогаш живееше со него и го чувала неговиот син. Откако Муту се разделил со својата сопруга поднел пријава против неговата поранешна “баба“ за кражба.

Поранешниот фудбалер обвинувал дека таа му украла одредена сума на пари и злато кое се наоѓало во неговиот дом. Овој скандал ја “здрма“ Романија, а мајката на неговата сопруга се наоѓа во притвор бидејќи во овој момент се води истрага против неа.

„Таа работеше за мене и го чуваше мојот син. Неколку пати на дело ја фатив како краде, но не сакав тоа да стигне до јавноста. Кога и кажав дека повеќе нема да живее во мојот дом украде се што можеше. Се надевам дека полицијата набрзо се ќе реши“, изјави Муту.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…