Дома Трансфер зона Дали добиваме нов „случај Погба“, уште еден „бисер“ го напушти Јунајтед бесплатно!

Дали добиваме нов „случај Погба“, уште еден „бисер“ го напушти Јунајтед бесплатно!

Жозе Мурињо одлучи да не му понуди нов договор, па тој замина како слободен фудбалер.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џош Хероп е нов член на Престон потврдија од англискиот клуб.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој фудбалер е роден 1995 година и му се предвидуваше блескава кариера на „Олд Трафорд“, но изгледа тоа нема да се случи.

Хероп потекнува од школата на Јунајтед, а кај Жозе Мурињо дебитираше минатата сезона во последното коло, а успеа и да постигне погодокот во натпреварот против Кристал Палас (2:0).

На друштвените мрежи одреден број навивачи сметаат дека Хероп требаше да добие нов договор и шанса во првиот тим. Многумина овој случај го споредуваат со оној од 2012 кога Пол Погба замина бесплатно од Јунајтед во редовите на Јувентус, а познато е дека Јунајтед за да го врати плати 110 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…