Дома Фудбал Останато Грнчаров и Јаневски едногласни: Ова е натпревар во кој немаме што да загубиме

Грнчаров и Јаневски едногласни: Ова е натпревар во кој немаме што да загубиме

Нешто покасно од Зенит, прес конференција за новинарите одржа и македонскиот шампион Вардар, на која за медиумите зборуваат капитенот Грнчарот и тренерот, Чедомир Јаневски.

„Ова е натпревар во кој немаме што да загубиме, играме против клуб кој во 2008 година ја освои Лигата на Европа, ќе биде тешко, но ние ќе играме офанзивно и очекуваме голема поддршка од публиката. Иако сме свесни против какви противници играме, сметам дека со победа во првите два натпревари можеме да размислуваме и за пласман во следната фаза“, изјави Грнчаров.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Потоа за медиумите зборуваше Чедомир Јаневски.

„Ќе се обидеме да дојдеме до поволен резултат. Зенит секако е фаворит, но како што претходно кажа и нашиот капитен ова е натпревар во кој ние не губиме ништо, можеме само да добиеме. Ја анализиравме нивната играм и можам да кажам дека работевме напорно со цел да одиграме уште еден добар натпревар пред нашата публика, посебно пред комитите“.

„Зенит е клуб кој што има фантастични поединци кои во секое време можат да се разбудат, мораме да бидеме внимателни. Формацијата нема да ја менуваме, тоа е би било навистина тешко, затоа што не работев со тимот во подготвивтелниот период“.

Потоа Јаневски беше запрашан и за повредата на Евгениј Новак.

„Сеуште не е спремен, токму затоа ги пропушти последните два натпревари, заедно со лекарскиот тим одлучивме дека најдобро е да го пропушти и овој натпревар“.

„Зенит е клуб кој има фантастични поединци кои во секое време можат да се разбудат, мораме да бидеме внимателни“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…