Дома Трансфер зона Гризман се налути: Зошто за тоа никогаш не ги прашувате Меси и Роналдо?

Гризман се налути: Зошто за тоа никогаш не ги прашувате Меси и Роналдо?

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман прилично бурно реагираше на гласините дека ќе го напушти клубот.

Имено, веќе подолго време Гризман се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, а очигледно Французинот тоа многу го лути.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Среќен сум во Атлетико, горд сум што играм за овој тим, навивачи и за овој тренер. Немојте повеќе да ме прашувате за мојата иднина. Играчи како Меси и Роналдо никој не ги прашува каде ќе бидат следната година и за кој клуб ќе играат“, истакна Гризман и додаде.

„Не сакам кога ме прашувате за тоа, среќен сум во Атлетико, не ме прашувајте повеќе за мојата иднина“, јасен беше Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…