Дома Фудбал Лига на шампиони Гризман: Немаше потреба да напаѓаме како лудаци!

Гризман: Немаше потреба да напаѓаме како лудаци!

Најдобриот играч на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е среќен поради пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампиони, но не е задоволен како тимот одиграл во реваншот против Баер Леверкузен.

Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен одиграа без голови во осминафиналниот реванш, а „јорганџиите“ одат понатаму поради победата 4:2 во првиот меч кој се одигра во Германија.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Имавме шанси за голови, но немавме среќа. Не ни беше во плановите да напаѓаме како лудаци. Го изборивме она што го сакавме и поради тоа сме среќни. Најважно е дека сме во четвртфиналето, веќе се насочивме кон наредниот меч“, изјави Гризман, кој нема особена желба во жребот за четвртфинале.

„Неважно е кого ќе добиеме. Доколку сакаме да се пласираме во финалето мораме секого да победиме“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …