Дома Трансфер зона Гризман мудро молчи за Барселона, но откри каде ќе ја заврши кариерата

Гризман мудро молчи за Барселона, но откри каде ќе ја заврши кариерата

Вчера како „бомба“ одекна информацијата дека Антоан Гризман од следната сезона ќе го носи дресот на Барселона.

Познато дека во договорот на Гризман со Атлетико Мадрид има откупна клаузула од 100 милиони евра и дека на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последните информации од Шпанија говорат дека Французинот веќе се договорил со Каталонците кои на крајот на сезоната ќе ја активираат клаузулата.

Сепак, таа информација се уште никој не ја потврдил, а самиот Гризман откри каде би можел да ја заврши кариерата.

„Сакам кариерата да ја завршам во САД, тоа би можело да биде интересно бидејќи таму живее мојата сестра“, изјави Гризман.

„Уживам во животот во Шпанија со сопругата и ќерката Миа, но сакам да имам уште две деца“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…