Дома Топ вести Гризман бил само медиумска „патка“ – Друга ѕвезда на Атлетико вредна 130 милиони пристигнува во Јунајтед?!

Гризман бил само медиумска „патка“ – Друга ѕвезда на Атлетико вредна 130 милиони пристигнува во Јунајтед?!

Манчестер Јунајтед ова лето на големо се поврзуваше со напаѓачот на „јорганџиите“, Антоан Гризман, но англиските медиуми сега пренесуваат дека Јунајтед договорил друга ѕвезда на тимот од Мадрид.

Доколку може да им се верува на медиумите на Островот, Саул Нигез наредното лето за сума од 130 милиони евра преминува во Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што веќе кажавме, додека сите светски медиуми го поврзуваа Гризман со трансфер во Јунајтед во секој преоден рок, изгледа дека „црвените ѓаволи“, во тајност договарале друга голема зделка.

Иначе, Нигез во првите четири натпревари во Примера во новата сезона сеуште не успеал да се запише во листата на стрелци, но затоа еднаш асистираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…