Дома Фудбал Италија Го славеше голот на својот омилен тим и почина – Трагедија во големото градско дерби!

Го славеше голот на својот омилен тим и почина – Трагедија во големото градско дерби!

Јувентус и Торино вчера го одиграа големото градско дерби во кое славеше „старата дама“ со резултат 4:0, но на овој натпревар во финишот на средбата се случила вистинска трагедија.

Имено, еден навивач на актуелниот шампион на Италија не го дочекал крајот на средбата и славјето на својот тим, починал непосредно пред завршувањето на средбата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските медиуми, последниот гол кој беше дело на Паоло Дибала бил „кобен“ за навивачот кој починал во текот на славјето, докторите на стадионот брзо реагирале и го пренеле во најблиската болница, но за голема жал, фанот на италијанскиот клуб починал на патот кон болницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…