Дома Трансфер зона Го сака пола Европа, а агентот открива: Мадрид, Милано или Манчестер!

Го сака пола Европа, а агентот открива: Мадрид, Милано или Манчестер!

Играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ одигра фантастично и се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

22-годишниот Србин го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Лацио потврди дека ова лето пристигнале понуди повисоки од 50 милиони евра за неговиот потпис.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милинковиќ-Савиќ сепак остана во Лацио, но неговиот агент не ја исклучува можноста ова да биде последната сезона за него на „Олимпико“.

„Летово имавме голем пресинг од Мадрид, Милано и Манчестер и клубовите испратија одлични понуди, но Сергеј одлучи да остане да се развива во Лацио. Сепак, не можам да исклучам дека ова ќе биде последна сезона за него во Лацио“, изјави агентот.

Силен интерес за Милинковиќ-Савиќ покажуваат Милан, Јувентус и Манчестер Јунајтед па следното лето не очекува голема битка за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…