Дома Фудбал Италија Готово: Јувентус го избра тренерот за следната сезона!

Готово: Јувентус го избра тренерот за следната сезона!

Веќе подолго време медиумите тврдат дека на крајот на сезоната Јувентус ќе се раздели со Макс Алегри, без оглед на тоа со каков успех „бјанконерите“ ќе ја завршат сезоната.

Иако Алегри има договор со „старата дама“ до 2018 година, наводно двете страни се договориле за разделба на крајот на сезоната, па раководството веќе започна потрага по нов тренер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изминатиот период медиумите на Апенините лецитираа со неколку имиња, а денес „Кориере дело Спорт“ откри дека тренер на „старата дама“ следната сезона ќе биде Лучијано Спалети.

Весникот тврди дека двете страни веќе постигнале комплетен договор и истиот ќе биде официјализиран на крајот на сезоната.

Неодамна раководството на Рома му понуди нов договор на Спалети, но тој одби да го потпише, па медиумите се сигурно дека причината за тоа е токму Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…