Дома Топ вести Готово: Швајнштајгер си најде нов клуб!

Готово: Швајнштајгер си најде нов клуб!

Германскиот интернационалец Бастијан Швајнштајгер наскоро ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се пресели во МЛС лигата, пренесуваат англиските медиуми.

Швајнштајгер не е во плановите на Мурињо и воопшто не добива можност да заигра за првиот тим, а клубот дури му нуди и пари за предвремено раскинување на договорот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последните информации велат дека конечно ќе завршат маките за Германецот на „Олд Трафорд“ бидејќи постигнал договор со својот нов клуб.

Според информациите што ги сподели поранешниот германски репрезентативец Клаус Аугенталер, тој веќе се договорил со тренерот на Чикаго, Вељко Пауновиќ, и ќе направи трансфер во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…