Дома Фудбал Англија Готово: Решена судбината на Алексис Санчез!

Готово: Решена судбината на Алексис Санчез!

Aлексис Санчез е жешка тема на годината, но изгледа дека сега остана без опција.

Арсен Венгер скрши, нема да го продаде Чилеанецот, особено не на Манчестер Сити или на Челзи, а приказните за ПСЖ се прикриени. Реал не е заинтересиран за поранешниот играч на Барселона, италијанските тимови не можат да си ја дозволат таа плата, а „професорот“ повтори дека одлуката е донесена и дека Чилеанецот останува.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Математиката е јасна, не постои шанса Арсенал да го замени Санчез, а никој нема да може да плати 60 милиони евра за играч кој му истекува договорот за 12 месеци.

Новиот дефект, односно не играње во ЛШ за Арсенал би чинело 50 милиони евра, јасно доколку се гледа логички, со Санчез нивните шанси за враќање во елитата се многу големи, дури и да си замине како слободен играч следното лето.

Поради тоа, клубот ќе мора да достави други жртви, да продаде неколку играчи кои се во друг план. Калум Чемберс е мета на Кристал Палас, Шчезни веќе си замина во Јувентус, Вилшер е на продажба, но вистински интерес нема.

На клубот му е потребно уште пари за засилувања, и понатаму мета број еден е Лемар од Монако, па поради тоа би можело да биде жртвуван и Чембрлен. Во секој случај, се шпекулира дека Венгер бил многу јасен во разговорот со управата и дека ова е конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…