Дома Трансфер зона Готово е: Еден од најдобрите млади фудбалери во Баерн!

Готово е: Еден од најдобрите млади фудбалери во Баерн!

Едено од најдобрите млади фудбалери наредното лето пристигнува во Баерн без обештетување.

Во Шалке се надеваа дека ќе успеаат да го убедат Леон Горецка да го продолжи договорот, но сепак тоа не се случи. И не само што од тоа нема ништо, туку е познат и неговиот нов клуб, а тоа е Баерн Минхен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Така Шалке после Сеад Колашинац останува без уште еден важен играч, за трансферот на Горецка нема да добие ниту цент, бидејќи германскиот гигант нема да го доведе веднаш туку идното лето кога на фудбалерот ќе му истече договорот со клубот од Гелзенкирхен.

И додека Кристиан Хајдел тврдеше дека Горецка останува, Румениге, Хенес и друштвото ја завршија работата. „Билд“ ексклузивно пренесува дека врската за овој трансфер бил човекот од младинската школа на Баерн Хермалн Герланд кој е од Бохум, како и Горецка.

Кога малку ќе се подразмисли, овој потег на германскиот шампион е сосема логичен. Чаби Алонсо замина во пензија и зошто да го доведува Верати за 50-60 милиони кога пред нив имаат Германец на кого му се предвидува блескава иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…